Мицкоски: Луѓето се незадоволни од живејачката, луѓето сакаат промени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата 360 степени на ТВ Алсат М, истакна дека во текот на предизборната кампања посетил голем број на градови и села, се сретнал со голем број на граѓани, и она што го почувствувал е дека народот сака обнова.

-Желбата на граѓаните на овие избори е очигледна и тоа се случува на терен секојдневно бидејќи посетувам од 3 до 5 различни места, се трудам да ја поминам цела Македонија во оваа предизборна кампања и она што можам да го почувствувам, е рефлексијата од теренот, од граѓаните дека всушност луѓето навистина сакаат обнова и не се задоволни од тоа што се случуваше изминатите три години години, вели Мицкоски.

Суштината е дека луѓето се незадоволни од живејачката, истакна Мицкоски, луѓето сакаат промени.

-Луѓето ова денешно секојдневие кое што го живеат не ги прави среќни и задоволни. Тоа мене ми дава храброст, но од друга страна и ме обврзува дека после 15 јули, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ќе добие масовна поддршка од граѓаните, но  и голема е влокот бидјеќи по тоа граѓаните очекуваат веднаш , би рекол во првите 100 дена да се направи сериозен исчекор од ова политичко мочуриште кое што сите ние тињеме заедно со граѓаните- рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот