Мицкоски: Лажен патриотизам е да ја ограбуваш државата, во исто време кога евтино го продаваш тоа што е најскапо за македонскиот народ

Лажливецот Заев денес обвинува за некаков лажен патриотизам и тоа во истиот ден кога соопштува дека ќе ги менува учебниците по историја во согласност со туѓи желби, вели лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Лажливецот Заев велеше дека потпишал договор за пријателство со кој се отворени вратите кон ЕУ, а сега гледаме дека тој негов договор ги затвора вратите на ЕУ. Лажливецот Заев нѐ убедуваше дека бугарскиот меморандум бил некаква политичка игра без значење, за да сега гледаме дека токму тој меморандум е официјална државна стратегија. Лажливецот Заев тврдеше дека нема да има анекс на договорот со источниот сосед, а денес гледаме дека преговара токму за тоа- напиша Мицкоски на Фејсбук.

-Лажливецот Заев којшто веќе го начна македонскиот идентитет, денес лаже дека го брани идентитетот во време кога јавно во интервју ги оспори и идентитетот и јазикот. Лажливецот Заев велеше дека сето ова е во главите на вмровците, ама пустото се потврди дека за сѐ сме биле во право. Сосема на крај, лажен патриотизам е да ја ограбуваш државата, во исто време кога евтино го продаваш тоа што е најскапо за македонскиот народ. Нема играње со најсветото, а народе ова е апел до секој еден човек дека мораме да бидеме гласни сега, за да не биде предоцна утре. Оставка на Заев, слобода на народот- стои во објавата на Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот