Мицкоски ќе протестира за Гоце Делчев во вторник, еве што му одговори Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево на својот Фејсбук профил најави нов протест за вторник, во 18:30 часот.

Протестот ќе почне од Министерството за правда, ќе продолжи преку мостот „Гоце Делчев” и ќе заврши пред МНР.

Ова е протест на народот, целта е За ЕУ, ЗА Македонија, за Делчев. Гоце е црвената линија за нашето достоинство. Делчев го разбираше светот како поле за културен натпревар помеѓу народите. Европската Унија, од која секој ден сме се подалеку со мафијата на власт, почива врз идеите на солидарност, заедништво и градење на мостови. Владата преговара за Делчев, а очите на јавноста се далеку од тоа што за нашата земја е суштински важно. Нашите историчари заслужуваат поддршка, затоа што Гоце е столбот на македонизмот. Власта да има во предвид колку е важен супстратот за кој разговараат, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил. 

На оваа објава на Мицкоски, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев експресно одговори:

Делчев е борец за социјална правда, а Мицкоски е бранител на криминал и неправда. Тие двајца никако не одат заедно, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Тоа, додаде Заев на фејсбук, на Мицкоски му го порачаа и граѓаните на Делчево каде ВМРО-ДПМНЕ изгуби со повеќе од 1000 гласови разлика на последните избори.

Преписката меѓу двајцата лидери ја продолжи Мицкоски кој потоа изрази жалење за поразот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Делчево и вети дека неговата партија ќе победи на наредните локални избори.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот