Мицкоски: Ќе предложиме ново име за технички министер во МВР

Претседателот а ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека во текот на денешниот ден ќе предложи ново име за технички министер за внатрешни работи. Како што објасни на денешната прескоференција денеска имале уште еден телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, но останува повторно да разговараат за ново име во текот на денот.

– Нема да дозволам да избегаат од изборите и од одговорноста пред народот. Најголема неправда би била ова влада да избега да избори  и да остане на власт. Ќе предложам ново име и ќе ги поминеме сите препреки за да има избори на 12 април – рече Мицкоски.

Тој не го открива името на новиот кандида, но рече дека не е партиски член и дека е маж.

Тој нагласи дека за новиот министер за внатрешни работи ќе се консултира и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

ВМРО-ДПМНЕ претходно го предложи Драган Ковачки за нов технички министер за внатрешни работи, а кај власта предлогот отвори дилема дали е во согласност со Уставот, откако беше истакнато дека станува збор за воено лице на служба во Армијата. Ковачки доаѓа од АРМ и е со чин полковник. Тој има долга кариера во војската, меѓудругото и како Командат на 1. механизирана пешадиска бригада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот