Мицкоски: Ќе ги провериме сите политичари да видиме кој безмилосно го крадел сопствениот народ (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Маврово – Ростуше истакна дека претстојниот период е предизвикувачки и дека граѓаните треба да одлучат во каква држава сакаат да живеат дали во понижена, ограбена и криминална или во земја каде ќе се гради иднината на идните поколенија. Мицкоски истакна дека 15 јули е шанса  граѓаните да си ја вратат  државата на правите патеки со глас за ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ и да се направат проекти за секој граѓанин од програмата „Обнова“.

– Пред нас е исклучително предизвикувачки период. Најпрвин имаме околу 10 дена кампања што ни преостанаа и 2 дена молк до денот кога ќе треба да излеземе и да одлучиме во каква Македонија сакаме да живееме. Дали оваа Македонија која што е понижена, омаловажена, опљачкана каде што граѓаните се чувствуваат во сопствената држава граѓани од втор ред, каде што срамот, декаденцијата и поразите се секојдневие или Македонија која што ќе биде татковина за сите без разлика нивната етничка, без разлика на нивната политичка припадност,  верска определба или политичка неопределба.  15 јули е денот кога треба да ја избереме иднината за нашите деца за поколенијата кои што ќе дојдат по нас но истовремено ќе треба и да го обелиме образот на нашите предци  кои што животите ги дале за ова денеска што ние го живееме.

Тој кажа дека политичарите за да бидат пример треба да почнат од себе   и да го  почитуваат уставот и законите. Исто така Мицкоски предочи дека  мора да има силен правен систем кој ќе проверува потекло на имот на политичарите и да се почне од него па потоа со сите политичари вклучително и Зоран Заев и да се истражи  како е возможно со политичка професија да се градат хациенди, станови и да се возат луксузни автомобили. Ќе провериме од прв до последен посочи Мицкоски.

– За да биде подобра нашата држава овој пат политичарите треба да почнат самите од себе. И затоа јас велам правда, почитување на законите, почитување на уставот и тоа да биде безусловно. Затоа што без правна држава, без да бодат почитувани законите нема да има ниту добра економија, ниту добра здравствен систем, ниту добро земјоделие, ниту добро образование нема ништо. Прв и основен столб денеска на една модерна современа држава е да има функционален правен систем. А за да има функционален правен систем треба да почнеме од почеток . А ја велам еве почнете од мене , јас првиот ќе бидам доброволец кој што ќе се пријави во новата влада соодветна агенција да го провери неговиот имот и имотот на неговото семејство. На моето семејство, да провериме дали соодветствува со моите приходи, дали можеби нешто сум подскрил. Ако има подготвен сум да одговарам. Ама втор ќе биде Зоран Заев па и неговото семејство ќе го провериме. Ќе ги провериме сите политичари да видиме кој безмилосно го  крадел сопствениот народ и кој се богател на маката на народот. Сите политичари да докажат од каде им е стекнат капиталот. Да видиме како е тоа возможно да се градат хациенди, станови да се возат скапи возила, да се летува на јахти во монденски зимовалишта. Се ќе провериме од првото до последното појасни Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот