Мицкоски: Јанева ме уценуваше да гласам за СЈО

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за неделникот „Фокус” тврди дека има сведочења од пратеници дека Катица Јанева наводно ги „обработувала” да гласаат за уставните измени.

– Имам сведочења од пратеници кои практично биле предмет на обработка на Катица Јанева во процесот на уставните измени. Подготвени се да го потврдат тоа секаде. Јас лично бев жртва на нејзина уцена кога Катица Јанева во нејзината канцеларија ме уценуваше да гласам за СЈО за да ми го одмрзне имотот. Тоа е трговија со правото, вели Мицкоски.

Доколку има предвремени избори, Мицкоски смета дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со 100.000 гласови разлика.

– Нашите анкети, но и оние објективните, велат дека доколку во моментов би имало предвремени парламентарни избори, предноста на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде минимум сто илјади разлика во однос на гласовите што би ги освоил СДСМ, изјави Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот