Мицкоски изрази сочувство за жртвите во земјотресот во Измир

Христијан Мицкоски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изрази сочувство до семејствата на жртвите во земјотресот во Измир.

„Пријателскиот турски народ и Турција се соочи со сериозна природна непогода. Искрено сочувствувам со семејствата на жртвите од земјотресот во Измир и нашите молитви се за излекување на повредените од природната катастрофа.

Убеден сум дека Турција и турскиот народ ќе излезат посилни и пообединети од оваа непогода.
Како жител на Скопје – град кој ја почувствувал жестината на разорниот земјотрес и чии темели се основани на солидарност и хуманост, верувам дека и Измир и погодените региони брзо ќе се вратат во нормалните текови и ќе дојде до израз меѓусебната помош, разбирање и хуманост.“, напиша Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот