Мицкоски: Историските моменти кои можеби различно се толкуваат, не значи дека треба да се препуштат и да се остават на секој што ќе побара

Христијан Мицкоски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Јади бурек” на ТВ Сонце гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на актуелните политички случувања, политиките на Владата во однос на здравствената и економската криза, како и актуелниот договор со Република Бугарија.

Мицкоски потенцираше дека премиерот Зоран Заев не смее да разговара со бугарските политичари за нешто за кое, според него, тој нема легитимитет, ниту политички стекнат преку избори, ниту пак од македонските граѓани.

Според Мицкоски, Зоран Заев покрај тоа што преговарал во име на македонскиот народ, тој донесувал заклучоци без при тоа да разговара со политичките претставници во државата, бидејќи за круцијални прашања, одговорноста е голема.

-Историските моменти кои можеби различно се толкуваат, не значи дека треба да се препуштат и да се остават на секој што ќе побара, знаејќи дека со тоа губи македонскиот народ и Македонија, додаде Мицкоски.

Мицкоски повторно повика на парламентарни избори, на кои според него СДСМ ќе доживеат дебакл.

-Избори мора да има и на истите избори народот ќе мора да одбере дали сака стабилна земја, земја на успеси и просперитет или земја која ќе тоне и понатака и покрај тоа што ќе губи граѓани кои ја напуштаат, ден по ден ќе губат и ден на сопствената историја, што претставува свесно самоукинување, заврши Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот