Мицкоски: Има зголемување на број на новоинфицирани, а никој не сноси одговорност

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 каде што посочи дека има доста поважни теми од циркусот што го приредија послушниците на Зоран Заев. Мицкоски потсети дека за жал денеска има 120 заболени од Ковид-19.

-Логично е да дојде до олабавување на мерките кога видовме некое мини славење во Владата, бидејќи како што рекоа е ставен крај на епидемијата, дека ситуацијата се подобрува. Всушност сите држави така постапуваа кога дојдоа до крај на пандемијата што е нели логично, само разликата е што кај нив навистина има крај на епидемијата со корона вирусот, но не и кај нас- рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија 21

Но, што се случува кај нас, запрашува лидерот,  има зголемување на број на новоинфицирани, а никој не сноси одговорност.

-Ние цениме дека некој треба да сноси одговорност бидејќи од денот кога се прогласи победа кај нас не само што не се намали кривата, туку таа се исправи и соборуваме рекорди. Многу лоша и алармантна е ситуација.  Никој ама баш никој не сноси одговорност денес. Било кој граѓанин денес да го прашате која мерка ќе ви каже карантин. Таква одлука донесе и Комисјата за зарзни болести составена од директори на клиники и еден кандидат за пратеник исто директор на клиника, и Караџовски кој покажа повеќе политички способности отколку здравствени- рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека бројката на новозаразени се триплираше или четририкратно се зголеми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот