Мицкоски: Господине Заев немојте да бидете нервозен, ќе се испита до крај каде завршило куферчето со изрекетираните пари

На тв дуелот на МТВ1 гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски, кој се осврна на криминалните игри на СДСМ и Зоран Заев, како и на матните рекет зделки кои водат до Зоран Заев.

Во однос на Луј Витон торбата која беше изнесена од домот на Јовановски, Зоран Заев вели дека апсолутно нема никаква врска со него, односно самиот тој го пријавил рекетот во Јавното обвинителство. Мицкоски истакна дека доколку Зоран Заев навистина го пријавил рекетот уредно, тогаш би требало да има писмена белешка за таквата пријава, која тој всушност ја нема. Тоа укажува на нелегитимноста на пријавата, вели Мицкоски.

-Господине Заев, Вие неколку пати велите дека сте го пријавиле случајот, а истовремено велите дека немате никаква писмена белешка за пријавата. Било кој граѓанин на Република Македонија доколку достави пријава во ЈО, добива писмена белешка за истата. Нејсе, јас сакам истрагата да заврши до крај, точно да се знае каде се завршени тие пари, иако Јовановски веќе даде одредени траги и тврдења каде завршиле парите. Немојте да бидете нервозен, во интерес на сите е да се дознае вистината- вели Мицкоски.

Иако долго време Зоран Заев манипулираше со јавноста, рече Мицкоски, во однос на изрекетираните пари од бизнисменот Камчев, сепак јавноста имаше шанса да чуе каде се завршени парите од аферата “Рекет” откако таква изјава даде обвинетиот и сега осуден Бојан Јовановски.

Според него мора да се почитуваат законите и дека сите да се еднакви пред законот.

-Секој што се огрешил пред законот, без разлика кој е, буквално секој ќе одговара. А тој што има проблем со законите, не ги почитува, едноставно не може да биде реформатор, рече Мицкоски укажувајќи дека Заев треба да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за испитување на потеклото на имот прво на политичарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот