Мицкоски го честиташе Божик и откри каде се паднала паричката

Христијан Мицкоски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на литургијата по повод Божик во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје. По завршувањето на литургија тој го честиташе Божик, но исто така посака на сите граѓани годинава да им биде поуспешна и да биде година на обединување.

-Да биде година, како што кажаа и во честитката од Македонската православна црква, кога доброто ќе го победи злото, година кога ќе се радуваме наместо да тагуваме. Година која очекувам да биде победничка, како што тоа го кажа, и би рекол поглаварот на МПЦ, година кога ќе почнеме повторно да се почитуваме едни со други, во којашто ќе излеземе од секојдневните проблеми што ни се случуваа работите во 2020 година, тука пред се, мислам на пандемијата и ефектите на пандемијата врз сите други области во државата, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека во нивниот дом паричката се паднала кај неговата мајка бидејќи традиционално Бадник го одбележуваат со неговите родители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот