Мицкоски ги отфрли обвинувањата дека лобирал Македонија да не добие датум за преговори со ЕУ

Мицкоски во дебатата ги отфрли обвинувањата што му ги упати претседателот на СДСМ Заев дека опозициската партија лобира државата да не добие датум за преговори за членство.

– И  Пленковиќ и Орбан и Јанша и сите останати премиери кои се дел од ЕПП лобираат и ќе продолжат да лобираат Македонија да добие датум затоа што граѓаните заслужуваат иако сме понижени, омаловажени, со урнато достоинство поради капитулантските политики на Заев барем малку нешто што ќе ја залечи раната која се уште стои. Се ќе сторам како претседател на ВМРО-ДПМНЕ тоа да се случи час поскоро, и ќе зборам и со Јанша, Пленковиќ и Орбан, Курц со сите премиери кои се членки на ЕУ да се даде затоа што тој датум не е привилегија, ниту на Христијан, ниту на Зоран Заев, рече Мицкоски.

Прочитајте и...  САД со предлог за нови претседателски избори во Венецуела

Заев во врска со датумот за преговори рече дека нема повторно да ги подигна очекувањата поради октомвриската одлука.

-Нема да дигам повторно очекувања заради тоа што изразив разочарување во октомвриската историска грешка, само ќе кажам дека ние направивме се и направивме и повеќе од тоа со законот за ЈО и со продолжување на реформите согласно нашите насоки кон ЕУ, тоа го потврдија сите, го поздравија дури и новиот закон за ЈО како аргумент повеќе, истакна лидерот на СДСМ.

Прочитај повеќе

За два дена 300.000 лица Романци останаа без работа, бројот на невработени се искачи на 800.000

МИА Агенција

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Апел до германските државјани да не патуваат за време на велигденските празници

МИА Агенција

ССНМ и ЗНМ: Отпуштање новинари не смее да биде прва мерка за справување со кризата

Слободен печат

Европскиот парламент ја понуди својата зграда за болница

МИА Агенција

Кој ќе ги прекрши мерките за изолација во Франција, ќе работи општествено корисна работа во болница!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Бритиш Американ Тобако развива вакцина против Ковид-19, производство веќе од јуни

МИА Агенција

Коронавирусот се шири во словенечките домови за стари лица, свикан кризен состанок

МИА Агенција

Путин работи со полна пареа но преку видео врска: Негови соработници секој ден ги тестираат од коронавирус

Слободен печат

Турција го зголеми узовот на американски течен природен гас

Слободен печат

Хачинсон: Работеа цели 20 години да станат членка на НАТО, и посакуваме добредојде на Северна Македонија

Слободен печат

Закотвен брод на атинското пристаниште Пиреас со 20 лица заразени со коронавирус

Слободен печат