-8 C
Скопје

Мицкоски: Европа да ја разубеди Бугарија да не ја блокира земјава на патот кон ЕУ

Вечерва во емисија на штипска телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека Македонија како држава заслужува да ги отпочне преговорите со ЕУ. Не смее Европа да дозволи Бугарија да ја блокира земјава кон европскиот пат.

„Ние во 90-тите години бевме оазата на мирот, Владите на ВМРО-ДПМНЕ. Ние во 99-тата година примивме 100–тици илјади бегалци кога Европа ги затвораше вратите за време на косовската криза. Ние ја контролиравме 2001-та година да не ни излезе од раце. Ние ја смиривме мигрантската во Европа. Ние бевме браникот, тука долу недалеку од овде во Гевгелија. Македонија заслужува без никакви условувања од Европа да започне преговори со ЕУ”, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека е убеден дека во декември ќе се случи таа меѓувладина конференција.

„Јас сум убеден дека нашите сојузници во Европа ќе ја разубедат Бугарија, дека ова не е ниту европски, нити пак граѓаните на Македонија тоа го заслужуваат”, нагласи Мицоски.

Прочитајте и...  Втората руска вакцина „Епиваккорона“ ќе биде достапна на пазарот од следниот месец

Мицкоски се осврна и на барањата на Бугарија при што посочи дека ако Зоран Заев прифати дека тука наместо окупатор имало бугарска администрација ќе значи прифаќање на сите бугарски позиции за асимилација.

„Андреј Ковачев вели дека македонската страна треба да ја смени историјата и дека во историјата наместо бугарскиот фашистички окупатор треба да стои бугарската администрација. Прифаќањето на терминот бугарско администрирање после 1941 година подразбира дека ние прифаќаме се што бара Бугарија, а тоа е дека пред 1945 не постои македонската нација и не постои македонскиот јазик. Како тоа би изгледало во пракса и што би значело? Тоа значи дека во 1941 влегува бугарската војска и практично ја ослободуваат Македонија од окупацијата која ја спровело Кралството СХС, а подоцна Југославија и ги ослободила своите Бугари родени на географската територија Македонија, а потоа 1944-45 лошите партизани повторно ја освојуваат оваа територија и лошиот Тито ја создава современата македонска нација која говори западен дијалект на бугарскиот јазик. Тука се заборава на Пулевски и се што се случило. Тоа е неприфатливо извртување на фактите”, рече Мицкоски.

Прочитајте и...  Оштетните штедачи на Еуростандард прашуваат: Зарем не е кристално јасно кој е изворот на криминалот!?

Мицкоски укажа дека вакво нешто е навреда кон граѓаните.

„Кој може ова да го прифати, кој може да прифати вакви флоскули, не можеме да го прифатиме и некој кој си игра со тие факти, сите тие ќе наидат на отпор од ВМРО-ДПМНЕ”, вели Мицкоски.

„Сето ова кое што го гледаме денеска е резултат на погрешните политики на за жал актуелната Влада предводена од Зоран Заев. Ние за ова предупредувавме уште тогаш, но тогаш за жал никој не сакаше да не слуша, мислеа овие се регресивни, се грижат само за своите фотелји и без аргументи критикуваа. Не јас лично држев прес конференции, што ќе се случува. Денес за жал нашиот источен сосед потпомогнат од Зоран Заев сака да асимилира современа македонска нација и современа македонска држава и сето тоа го условува со отпочнување на процесот на преговори или приближување на Македонија кон ЕУ, поточно да бидам попрецизен, онаа првата меѓувладина конференција која треба се одржи конечно кон крајот на оваа година. Покрај сите оние омаловажувања, понижувања кои ги преживеавме со Преспанскиот договор, преименувања, откажувања од првањата на нашето малцинство во Грција, буквално сето она кое што оваа Влада и ги причини на македонската нација. Покрај сите оние лажни ветувања, се сеќавам на оној настап на Зоран Заев во Собранието кога велеше радувај се Македонија, радувајте се Македонци отпочнуваме преговори пролетта 2018-тата година. Две и пол години подоцна ние се соочуваме со егзистенционен проблем на овој Балкански полуостров. И тоа не е наивно прашања, туку многу сериозно”, порача Мицкоски.

Прочитајте и...  Шеесет годишен пациент со ковид-19 скокнал од третиот кат на болницата во Тирана

Поврзани вести

Иако доцна, сепак МЗ ја објави статистиката: Регистрирани 336 нови случаи, починаа 32 лица

Слободен печат

Изостана денешната ковид- статистика

Слободен печат

ВИДЕО | Трамп: Не се борам за себе, туку за 74 милиони луѓе кои гласаа за мене

Слободен печат

Опозицијата ја бара дневната статистика на заболени од ковид-19

Слободен печат

ВИДЕО: Отворено едно од најголемите лизгалишта во Европа

Слободен печат

Уште еден град во Србија прогласи вонредна состојба

Слободен печат

Остави Коментар