4 C
Скопје

Мицкоски: Единствената порака на Заев е да не се крева паника во состојба кога имаме бројки кои покажуваат катастрофа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук ја обвини Владата на премиерот Зоран Заев дека не превзема ништо за да ги спаси животите на заразените со коронавирус.

„За Владата на Заев, Франција и Германија кои превземаа поинтензивни мерки и протоколи за превенција од #COVID заразата прават грешка и се ретроградни, затоа што нашата Влада не превзема ништо за да спаси животи.

Болните со хронични болести сѐ уште задолжително одат на работа, ако не ги убие короната, тука е загадениот воздух кој по 4 години Влада на Заев сѐ уште не е алпски чист како што ветуваа. Го нема ајрото.

Единствената порака на Заев е да не се крева паника во состојба кога имаме бројки кои покажуваат катастрофа. 862 новозаразени и 14 починати.

Прочитајте и...  Главниот португалски функционер за борба против ковид-19, позитивен на коронавирус

Што направи Владата? Владата не прави ништо, парада, се занимава со опозицијата, се дави во својата неспособност.“, напиша Мицкоски.

За Владата на Заев, Франција и Германија кои превземаа поинтензивни мерки и протоколи за превенција од #COVID заразата…

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, 29 October 2020

 

Поврзани вести

Германија ги продолжува ограничувањата поради пандемијата до јануари

Слободен печат

ВИДЕО I Заев: Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост се имплементира со силно темпо, продолжуваме според принципот „ништо за нив – без нив”

Слободен печат

Градоначалникот на Лос Анџелес им нареди на жителите да останат во домовите поради ковид-19

Слободен печат

Пожар во болница во Москва: Најмалку две лица загинаа, повеќе од 20 се евакуирани

Слободен печат

АМСМ: Сообраќајот по наместа влажни коловози

Слободен печат

Полициска операција во Рим, уапсени се 28 членови на криминална организација

Слободен печат

Остави Коментар