Мицкоски до Палмер: Потребно е ресетирање на општеството и безусловна борба против корупцијата

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски прашања, Метју Палмер.

На средбата зборувале за актуелната политичка состојба, се потенцирано значењето за стратешкото партнерство со САД, како и потребата за остварување на стратешките цели за напредок во интегративните процеси на земјата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски истакнал дека е за интензивни односи и соработка со САД за сите прашања кои се од заеднички интерес, обезбедувајќи стабилност и развој на процесите. Тој на Палмер му посочил дека потребно е ресетирање на општеството и безусловна борба против корупцијата и апсолутна правда.

Потребно Македонија да се стави на брзата трака за членство во Европската унија преку сериозни сеопфатни реформи, му рекол Мицкоски на Палмер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот