Мицкоски: Делчев е Македонија и столбот на овој народ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќањето на денешниот протест се заблагодаи на демонстрантите за присуството и упати критики кон актуелната власт за односот кон историските личности како Гоце Делчев.
– Денеска сме тука за Македонија и Европската Унија. Гоце Делчев е столбот на овој народ. Нашите историчари имаат поддршка од народот, но не и од власта. Народот е најважен, затоа што народот е државата, а не смееме да станеме територија. Протестираме за Гоце, бидејќи тој е европска личност. Заев и СДСМ се спротивни од европските вредности, Заев и СДСМ се против ЕУ. Ја поскапеа струјата и го задолжија народот. Сакаат да го продадат Гоце за да си поделат лиценци за фирми за производство на марихуана и да диктираат судски процеси. Затоа сме тука, бидејќи освен мафија, во Македонија има и народ. Овој народ го сака Делчев и ние нема да се откажеме од него“, истакна Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот