Мицкоски: Дел од мерките кои ги предлагаме не се прифаќаат поради суетата

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како партија може да нуди проекти, идеи, предлози за тоа како треба да се справува со кризата и да го понуди сиот ресурс којшто го има на располагање.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во своето  гостување во централниот дневник на МТВ истакна дека власта треба да го применува онашто го предлага ВМРО-ДПМНЕ, затоа што е во насока на грижа за здравјето на граѓаните, како и тоа дека треба да се заштитат и поддржат луѓето коишто во прва линија се борат голораки против пандемијата, заради недостиг на медицинска опрема.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како партија може да нуди проекти, идеи, предлози за тоа како треба да се справува со кризата и да го понуди сиот ресурс којшто го има на располагање.

-Ние не можеме со сила на некому да ми дадеме, ако тој не сака наша поддршка и помош. Дел од тие мерки на прва не ги прифаќаат поради суетата, па чекаат да поминат неколку дена па потоа дел од мерките ги прифаќаат модифицирано, за да не се каже дека тоа ВМРО-ДПМНЕ го предложило. Само нека го применат она што го предложуваме, сите политички ловорики нека бидат за нив, сета слава нека биде за нив, сето она коешто мислат дека е добро да се примени, за да се заштити здравјето на граѓаните, затоа што почнаа луѓето да ни умираат- вели Мицкоски.

Една од мерките е до 50% од бруто трошоците да ги подмири Владата, појасни Мицкоски, тука спаѓаат нето платите и сите дополнителни придонеси. Потоа да се замрзне главнината и каматата кај банките, односно заемо давателите.

Мицкоски додаде дека не е коректно да се кратат средства од администрацијата и од обичните работници, бидејќи најголемиот дел од товарот треба да го понесат тие кои тоа го можат, а не оние кои егзистираат со просечна македонска плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот