Мицкоски: Цениме дека имавме успешна кампања (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Крива Паланка, каде на претпоследниот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори им се обрати на жителите на градот.

Како што посочи ВМРО-ДПМНЕ денеска изборните активности ги завршува со собир во градот, а претходно ќе ги посети Кратово и Ранковце.

Нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ во текот на кампањата говори за нивната понуда, за проектот „Обнова”, којшто е испишан на 360 страни, за тоа како до повисоки плати, повисоки пензии, како до четири милијарди евра инвестиции домашни и странски, како до 640 милиони евра субвенции за земјоделците и нов иновативен пристап во земјоделието, како до реформи во здравството, правосудството што е есенција.

-Така што имавме што да понудиме и цениме дека имавме успешна кампања и цениме дека поддршката од страна на граѓаните нема да изостане во среда, а потоа да ги засукаме ракавите и сето она кое што сме го ветувале и сето она на кое што се обврзавме да го испорачаме.

Нагласи дека она што можел да го види денеска и да чуе од граѓаните е дека се соочуваат со проблеми.

-Луѓето не се задоволни од секојдневнието, не се задоволни од ова политичко мочуриште наметнато од пандемија повеќе од три години од ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев кое што гледаме цела кампања ја помина заглавено во минатото се уште споменувајќи некаков режим, а имаа повеќе од три години да се справат со тоа со кое што они го нарекуваа режим, наместо денеска да бидат нивни лојални поддржувачи и верен коалиционен партнер имаа можност повеќе од три години да покажат и докажат дека тоа што го тврдеа во минатото е вистина, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот