Мицкоски: Бугарија до април ќе тренира жестокост врз нас

Бугарија одбра до избори до март – април да тренираме жестина врз Македонците и врз Македонија. Така што од прилика таа стратегија е јасна како ден и се гледа, рече Мицкоски вечерва во емисијата „Што не е јасно” на ТВ Алфа.

Бугарија до изборите, до месец април, ќе тренира жестокост врз нас и нашата земја, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Бугарија одбра до избори до март – април да тренираме жестина врз Македонците и врз Македонија. Така што од прилика таа стратегија е јасна како ден и се гледа, рече Мицкоски вечерва во емисијата „Што не е јасно” на ТВ Алфа.

Тој посочи дека нема комуникација со бугарскиот премиер Борис Борисов. – Последната комуникација беше на ЗУМ состанок самит којшто се одржа помеѓу партиите коишто се дел од ЕПП, мислам дека беше мај, и тоа не беше директна комуникација, туку индиректна повеќе. Точно на оваа тема си префрливме и едниот и другиот за тоа како го гледаме решението за отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ, рече Мицкоски.

Рече дека не би коментирал повеќе околу Борисов, бидејќи како што додаде „тој сега ова со Каракачанов и Захариева ќе го користи за решавање на внатрешните проблеми во Бугарија”.

Мицкоски истакна дека доколку е на местото на премиерот Зоран Заев би ги напуштил преговорите со Бугарија, бидејќи нивните барања се потполно неприфатливи.

– Апсолутно би ги напуштил преговорите и би го напуштил самиот договор, бидејќи ваквиот договор не нуди решение, туку создава дополнителни проблеми. Замислете што ќе се случува  во регионот во иднина кога ќе треба и другите земји да стануваат земји-членки на ЕУ. Зарем вака ќе се уценуваме?, истакна Мицкоски.

Според него, ако услов за договор се хегемонистичките и големодржавните барања на Бугарија, Заев треба да престане да преговара.

-Јас кога станува збор за Зоран Заев верувам се, дека се е можно да направи кое што нормално не го чини него и неговото семејство ништо, доколку го чини него и неговото семејство ништо тогаш не е подготвен да направи. Но, бидејќи за ова други се бореле и други стекнувале некаква вредност нема проблем таа вредност да ја распродаде, па дури и дека е подготвен да испорача Анекс…Ако имаме такви дијаметрално-спротивни гледишта на реалноста тогаш зошто воопшто уште преговараме. Тогаш треба да седнеме и да си кажеме луѓе веќе не треба да преговараме, бидејќи овој Договор ваков каков што го потпишавме неговата содржина е исцрпена и оваа негова содржина не нуди решение. Или тие ќе се повлечат од ние нивни хегемониски барања или ние како држава треба да го напуштиме овој договор, бидејќи очигледно претставува сериозна пречка за да ние станеме членка на ЕУ, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот