Мицкоски: Борисов лично ми рече – Заев му ветувал дека ќе ги исполни бугарските барања

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во „Студио 10“ на ТВ 24 утрово излезе со обвинувања дека премиерот Зоран Заев ветувал исполнување на бугарските барања.

Мицкоски тврди дека лично Бојко Борисов му признал дека Заев ги дал овие ветувања уште во периодот кога беше опозиционер.

„Ме прашавте за Борисов, мене лично ми има кажано дека ова што денеска го бараат е ветено од Зоран Заев. Не сум присуствувал на тој муабет, не можам да ја потврдам веродостојноста на таа информација, се оградувам, но лично јас сум го слушнал од него. Кога овој бил опозиционер и кога бил градоначалник, бил кај него и ова го ветил само да дојде да биде премиер“, рече Мицкоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот