Мицкоски: Бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички -безбедни училишта и градинки за безбедно образование

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски бара бесплатни тестови за коронавирус еднаш месечно да добиваат сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата. Тој обвинува дека власта не се потрудила да го организира и соодветно да го прилагоди воспитно образовниот систем за тој да функционира во услови на Ковид.

Сѐ почесто добиваме вест дека цела група во градинка или цело одделение мора да оди во изолација поради позитивен тест на КОВИД-19.Безбедни градинки и училишта за безбедно образование, каде без застој, во континуитет ќе се одвива воспитниот и образовниот процес на децата, вели Мицковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот