Мицкоски: Бараме четири викенди без ДДВ, покачување на пензиите

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ рече дека за да се надмине ситуација со корона кризата ВМРО-ДПМНЕ предложи мерка до владата да се ослободат студентите од плаќање на партиципација и со тоа ќе помогне да се растерети семејниот буџет.

-Еве ние дадовме една фантастична мерка која треба да се прифати од страна на владата е наместо со картички, да се даваат на студентите да го покрие школувањето Владата односно партиципацијата на универзитет. Тоа може да го направи владата, може да ги ослободи родителите од плаќање надомест во градинките, топол оброк во училиштата ако навистина се грижи владата да го растерети семејниот буџет, изјави Мицкоски во своето гостување- истакна Мицкоски.

Прочитајте и...  Хрватска втор ден по ред со црн рекорд: Во последните 24 часа починаа дури 23 лица, нови 2.378 заболени

Мицкоски додаде дека опозицијата нема да ја поддржи изборната измама која што ја прави Владата на СДСМ на чело со Зоран Заев. Тој елаборираше дека голем дел од ветувањата дадени пред избори на СДСМ се испоставија како лага, а како пример ги посочи ветените викенди без ДДВ и најавеното покачување на пензијата за 5 проценти.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе предложи законски решенија кои што ќе бидат во корист на граѓаните и навистина ќе им помогнат да ја пребродат економската криза во периодот што следува.

-Тие законски решенија не се изработени и допрва треба да се изработуваат. Се уште не се влезени во Собраниска процедура. Еве јас ќе ви кажам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи законско решение каде што ќе имаме викенд без ДДВ помеѓу 10 и 12 октомври бидејќи на граѓаните им беше ветено дека ќе имаат најмалку 4 такви викенди во месец септември. Месец септември завршува, немаме повеќе викенда во месец септември, но тоа беше предизборно ветување. Добро во ред не ја говореле вистината, избори биле тогаш се обиделе на некој начин да ја изиграат волјата на граѓаните. Но еве сега завршија. Ние ќе предложиме тоа што е ветено да се исполни, односно бидејќи треба да претстојат измени во Законот за ДДВ наместо еден викенд да бидат 4 викенда, односно тоа што им беше ветено на граѓаните. Еве ние нема да поддржиме картички по 6 илјади денари за пензионерите, но затоа ќе побараме законски измени со кои што ќе бараме они ветени 5 проценти ветени пред изборите покачување на пензиите, за сите пензионери, не само за одредена таргет група. Бидејќи овие 6 илјади денари за една година се по 500 денари за определена група на пензионери. Еве ние ќе го побараме тоа што беше ветено пред изборите, а тоа беше 5 проценти покачување на пензијата. Ќе побараме за стечајците за невработените поголема процентуална помош од државата наместо ова кое што денеска се обидува преку милост да го даде владата и помпезно го најавува иако не се изготвени законските решенија- вели Мицкоски.

Прочитајте и...  Облачно и магливо време, од петок пониски температури

Поврзани вести

Митко Јанчев пред одлагање на протестот против Мицковски!

Весна Тодоровска

Санофи и ГСК ќе обезбедат 200 милиони дози од својата ковид вакцина за Ковакс

Слободен печат

ВО ЖИВО: Прес-конференција на портпаролот на Владата, Душко Арсовски

Слободен печат

Смена на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот бараат неколку здруженија и комори

Слободен печат

Аплицирајте електронски за ученички стипендии

Преспа – местото кадешто ќе го најдете својот мир

Татјана Миљовска

Остави Коментар