Мицкоски бара да се ослободат од работа бремените жени

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор, напиша на Фејсбук лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Вчера истото предложив да се случи со хронично болните чие здравје е под ризик. Бројот на починати и на заразени на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, затоа мора бремените жени да ги заштитиме од овој ризик- напиша Мицкоски.

Наместо политиканство на Владата, мешетарење и нарачани теми потребни се одлуки, вели тој, да спасиме живот!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера апелираше поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од ковид-19, хронично болните да се ослободат од работа.

Мицкоски: Поради загаденоста на воздухот и ковид-19 да се ослободат од работа хронично болните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот