Мицкоски: Ако Бугарија продолжи со своите барања, за нас Договорот ќе биде мртов

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното интервју на МТВ јасно го кажа ставот на партијата во однос на прашањето со Бугарија.

Според него ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара за идентитетот, а ако Бугарија продолжи со своите барања, треба напуштање на овој Договор.

Мицкоски кажа дека за отприлика една година следи Конгрес на партијата и ако и по Конгресот ситуацијата излезе ваква ќе се побара јасна декларација.

-Ќе излезам и ќе побарам јасна декларација дека никогаш нема да преговараме за посебноста на македонскиот јазик, идентитет, историја. А доколку продолжи соседна Бугарија да инсистира на истото, за нас Договорот со Бугарија ќе биде мртов. Еден договор, ваков договор треба да нуди иднина, а не минато. Овој Договор со Бугарија не нуди иднина- рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека доколку продлжат вакви барања од Бугарија кон Македонија, во тој случај ќе треба да се оди на нов договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот