МИЦКО БЕ ЛЕПОТО СУВА, .. „АПОСТОЛУ ПАВЛЕ“ ПАТРИОТСКИ – Слободен печат
Ви ПрепорачувамеКолумни

МИЦКО БЕ ЛЕПОТО СУВА, .. „АПОСТОЛУ ПАВЛЕ“ ПАТРИОТСКИ

Си викам онака,.. сам со себе муабет си правам.

Има една кумановска песна „умреја батко Ѓорѓија мори нано, за једну чашку ракију‘‘. Така и ти си запнал избори па избори. Ова мое обраќање не е желба да бидам критичен, туку се надевам јавно објективен во рамките на мојот сопствен акал и аналитичка етикетираност во јавноста. Не сум ти јас некој аналитичар, јас сум само човек од улица кој нештата знае да ги преточи во реченица. Не знам, можеби на некои идни избори и би те гласал, секако претходно убеден дека јас грешам, а ти си во право. Еве вака:

Популизмот има неколку лица. Само едно од нив нема комерцијална позадина, а тоа е кога народот е навистина сплотен околу голема заедничка мака, па некој одозгора само „дава правец“, а сите му веруваат! Се останато е – политика која како именка под „femininum“ има општонароден епитет. Тој епитет е универзален, а доаѓа од латинскиот збор „curvatura, curva“, што во превод значи кривина, виновна, или не е право туку криво.

Се надевам дека мојот глас е асамблеа на маса гласови по улици кои никој не ги слуша, или ако веќе ги слуша, повторно маркетиншки ги употребува во стилот „еве ве ислушавме, ке ве послушаме и само вашиот збор ке биде наша звезда водилка‘‘. Мицко бе лепото, мене како на обичен граѓанин ми смета една работа која толку многу вреска во етерот, што ни чавките по тополите крај Вардар не може да заспијат.

До кога само „Македонците – ВМРО-вци‘‘ ке му мислат добро на народов? Ке ја спасуваат македонската држава. До кога популизмот во најбајата форма кој се повикува на Илинденското востание и на ликовите од епохата на „да праиме востание или не‘‘ ( историски артефакти запишани) ке бидат платформа за политика во атомско време во кое веќе некоја година официјално е откриен „Хигзовиот Бозон‘‘.

До кога „да не сте вие ВМРО-вците‘‘ овој народ ке се плаши за себе и светлата му иднина!

Аман бе! Аман! До кога Македонија ке биде само твоја ко да си ја донел од дома, а сите ние останати (пред се Македонци) па Албанци, Турци, Срби Роми, Власи, ке бидеме благодарни што ти, твојата бела палата, и сите останати што се бусате у гради како да сте македонскиот „Апостол Павле“? А ние ке сметаш дека (у мој препознатлив стил) „сисаме весла“?

Ако ми ја свати пораката до тука, ке ти пишам ко на дечињата у градинка 5 +! Мала Шега! Прости ама сигурен сум дека не си глуп и одлично разбираш.

Е!,… Оооооп! … баш затоа што разбираш, ке прејдам на суштината.

Дали си спремен да сносиш одговорност (ептен историска) доколку секое одолговлекување за решавање на проблемот со јавното обвинителство, „дриблањето“ со пробушена топка на ливада со предметите кои требаше до сеа да се решат, бидат причина да историската еволуција во позитивен правец на македонската држава ја спречат да го фати „новиот свет и новото време“?

За да бидам по конкретен, очигледноста на купување време за да „дејците на новото време“ не завршат у апсаана, ја тера политиката на асамблејата од белата ваша палата во виорот на подземната река „STYX“ од која излегуваат само праведните, храбрите, умните! Доблесните! Да се вратиме на податокот дека овој народ после толку години „пасење трева“ барем малку почна да разликува бело од црно, па си вика доста е! Србите викаат „дал да устанем или да одустанем“!

Бев во последните редови на прес конференцијата одржана у белата ви палата која сте ја изградиле со МОИ пари од данокот што си го плаќам како граѓанин. Е можев да не се запрашам.

Како прво, колку пати ги обвинуваше во минатото Албанците дека „ја условуваат државата, уценуваат“, ова – она! Па ти си бетер од нив бе ало! Ти и твојата политика на мавтање со папка со контра докази и истражни забелешки со која мавташе и претеше дека ке бидат објавени се – јавна уцена! Ко Боки во најмала рака кој се занесуе дека „имам ја докази ама не ги кажуем“, па ко Цацко со кубурата ( вечен евергрин пример) ги чуваш „ако поџе по злу“ вика народ.

Не тврдам ( категорично) пошто не сум правен експерт ниту јурист, онака од не знаење: како можеш да мафташ пред медиуми со документација која е во истражна постапка? Тие документи не се „СТРОГО ПОВ‘‘?! А? Чисто прашувам! Значи ли тоа дека „пола судство“ работи за тебе лепото нај патриотска? ( еве ја прифаќам дека може сум ‘‘теле‘‘ кое не разбира)!

Понатаму, кој си бре ти да правиш „историски лидерски средби“ сам со Зоран Заев? Да не е на „татко ви“ државата, судството, административниот апарат, судбината на изборите, пазарот за судии, обвинители, алооо – на судбината моја, на мојот комшија, ( Македонец е жими се) на се она што те гледа на телевизија. До каде оди лудилото?

А, за Зоран Заев у следната колумна,… ( „жими мајка“ ) за да не биде ете имам против тебе нешто лично. Немам! „жими тебе“ Јас само имам граѓанска одговорност да реагирам, а знаеш зошто? Затоа на тие избори со кои сакаш да спасиш апашаана во „Brioni” ‘‘Ermenigildo Zegna” Bitziani” одела со машни кои едвај научиле да ги врзуваат – ЈАС СУМ ГЛАСАЧКО ТЕЛО!

Сакаш да мериш ( с‘ опроштење ) онакво како магарињата на пазар дур пасат сено кој и мисли по добро на оваа држава? Круме берберот! Штета! Мал е просторов за да кажам што се „пијаниците пред самопослуга“ коментираат! Не ги потценувај и не трчај со „дајте избори‘‘!

ДА СКРАТАМ!

„Лидерски средби‘‘ без учество на албанската страна ( а з‘ш да не и српска, турска) народот вика „окачи мачки о реп‘‘! Престани нај хипокритично „да ја браниш Македонија‘‘ од народот! Судбината на обичниот граѓанин кој не мора „under default “ да е ВМРО не смее да биде заложник на судбината на криминалците.

Сега ме купуваш мене како гласачко тело! А, ти не дека не го знаеш тоа! Не си ти луд! Ама,…. НЕ Е ВЕЌЕ НИ НАРОДОТ!

МИЦКО, ЛЕПОТО СУВА ПАТРИОТСКА,… ДАЈ БЕ НЕ ГО ТУПИ!!! ( сепам „у мом стилу“)!

А, ЕВЕ „ЖИМИ ТЕБЕ“ ВО СЛЕДНАТА КОЛУМНА КЕ МУ СЕ ОБРАТАМ НА ЗОКИ! Да не биде имам нешто лично против тебе. Ние не се познаваме. Јас го консумирам медиумскиот инфо свет. Ако нешто сум ‘‘ јанглаШ‘‘,.. сами си крив. Така наступаш. ‘’FOREHAND – BACKHAND” … jbg!

Е, после ова може едно ладно пивце! ( ама само едно)! …ај!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close