Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес на граѓаните, додека власта си поигрува и избегнува одговорност во Собранието

Мицевски за „Слчободен печат“ потврди дека нема намера да оди на координациите кај Џафери по разрешувањето на Зендели / СП. архива

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Отворено” на ТВ24 гостуваше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој се осврна на моменталната политичка ситуација во државата, нефункционалното Собрание, како и идните чекори на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски потенцираше дека Собранието е нефункционално, поради тоа што според сите анализи ВМРО-ДПМНЕ блокирало мал број на закони, поради тоа што истите закони сакаат да се донесат на мала врата без при тоа да бидат разгледани и анализирани. Тој додаде дека не е коректно од страна на власта да вели дека ВМРО-ДПМНЕ е кочничар на процесите, бидејќи тие се главните двигатели во Собранието и сносат најголема одговорност.

Мнозинството во Собранието не треба да ја префрла вината на опозициските партии партиципиенти во Собранието, затоа што неколку закони и пакети на мерки не се ставаат на дневен, а со таквиот начин на работа се кочат законите, односно во овој случај петтиот пакет на мерки.

“Мораме да внимаваме и да не се блокираат оние закони и важни работи кои што се од круцијална важност на граѓаните. Треба да се закажат комисии кои ги опфаќаат овие закони и за истите да се расправа, а потоа тие да се донесат во интерес на граѓаните. Едно мора да биде јасно, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ не ги блокира законите, туку работи во интерес на граѓаните и никогаш нема да ги загрози македонските интереси”, вели Мицевски.

Мицевски додаде дека власта е таа која што е несериозна при работата во Собранието и освен користење на европското знаменце кога тоа е потребно, не работат ништо друго, односно тешките теми кои треба да се елаборираат, тие ги задскриваат. Според Мицевски, блокадата на Собранието е токму тука, односно во избегнувањето одговорност од страна на власта, која што поради неспособноста ги изложува граѓаните на ризик поради недонесените закони, заврши Мицевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот