Мицевски: Предлог-буџетот е нереален и строго партиски

Оваа власт на чело со Заев креираа уште еден огромен, нереален и неразвоен буџет. Овој буџет е строго партиски, а не народен и граѓански. Овој буџет покажува дека СДСМ не планира да ја помага економијата, не планира да го помогне реалниот сектор и граѓаните, не планира и не знае како да се справи со катастрофалните последици од КОВИД кризата која ја зафати Република Македонија,  но затоа гледаме дека многу добро знае како да не задолжи уште повеќе врз грбот на граѓаните, вели Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Накратко кажано, СДСМ е без компас. Тие трошат расипнички, се задолжуваат како да нема утре, а кратат од се’ што може да скрати, на сметка на сите граѓани на Република Македонија. Имено, СДСМ и со овој буџет повторно ги намалува и онака малите средства за капитални проекти. Тие за наредната година предвидуваат 10 милиони помалку за капитални проекти.  Чувството и фактот што го имаме сите граѓани на Република Македонија дека за време на владеењето на СДСМ никогаш и ништо не се гради, а парите ги нема, очигледно ќе продолжи и во наредната година. Во услови на криза, СДСМ реши да крати и да удри и по грбот на земјоделците. Тие предвидуваат намалување на средствата во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Токму СДСМ на земјоделците им ветуваше мед и млеко, а сега гледаме дека и нив ги изигра и излажа- вели Мицевски.

Исто така, потенцира тој, нема пари за помош на фирмите, нема пари за помош на земјоделците, нема пари за опремување на медицинските лица во справуавње со КОВИД 19, ама затоа непродуктивните расходи продолжуваат да растат со забрзана динамика и темпо. Така, расходите за плати во 2021 година се за 20 милиони евра или 4,1% повисоки од оние за 2020 година. Иако министерот најави дека нема да има зголемување на платите во јавниот сектор. Повторно лага.

-Исто така, расходите за стоки и услуги растат за фантастични 3,5 милијарди денари или 18% во однос на претходната година. Во услови на криза, раст на овие расходи буквално значи расфрлање со парите на граѓаните за непотребни работи на сметка на оние на кои им се далеку попотребни. Ова е срамно, ова е загрижувачки. Досега СДСМ потроши многу пари, многу милијарди, а не направи ништо. Не помогна никому. Потрошија три буџети досега, а не изградија ништо. Го нема Клинички центар во Скопје, ги нема ниту автопатите кои што ги ветија. Очигледно, нема ништо од ветувањата, но ги нема ниту парите на граѓаните. Токму затоа овој буџет е граден врз база на партиски интереси и потреби, а не врз база на потребите на граѓаните. Очигледно на СДСМ и Заев не им е воошто гајле за тоа како живеат и како крпат ден за ден граѓаните на Република Македонија. Доказ за тоа е, овој расипнички буџет- вели преку соопштение Мицевски.

Бесими: Предлог-буџетот заслужува конструктивна дискусија базирана на аргументи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот