Мицевски: Поднесените амандмани се наша реакција на неуставноста и насилничкото носење на Деловникот од страна на СДСМ

Мицевски за „Слчободен печат“ потврди дека нема намера да оди на координациите кај Џафери по разрешувањето на Зендели / СП. архива

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска изјави дека големиот број на амандмани што ги поднеле на предлогот за измена на Деловникот за работа на Собранието се резултат на, како што посочи, деуставноста и неделовничкиот начин на однесување на власта.

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 1.350 амандмани, а вкупно од целата опозиција имаме околу 3.000 амандмани. Тоа е едноставно крик на опозицијата врз основ на неуставноста и неделовничкиот начин на однесување и врз основа на она што го прави власта во изминатиот период. Ние преку процесот Жан Моне разговаравме преку европски вредности за донесување на Деловникот, со консензус. За жал тоа не беше послушано од страна на власта и единствен начин за одбрана на Уставот и Деловникот во Собранието е поднесување на огромен број на амандмани за блокирање на самата седница, рече Мицевски одговарајќи на новинарско прашање.

Во Деловникот, додава тој, јасно пишува на кој начин се одржуваат седниците и согласно член 69 од Уставот пратениците треба да бидат присутни внатре во салата.

– Онлајн Собрание во моментов не може да се одржи во Република Македонија. Во врска со она за што не обвинува власта во овој момент, јас ќе ве потсетам и ќе побарам од вас медиумите да ја побарате седницата од 18 јануари 2007 година кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, а СДСМ тогашна опозиција, таа поднела околу 5000 амандмани за блокирање на Деловникот. Така што, однесувањето на СДСМ кога се на власт и кога се во опозиција е сосема различно. Затоа обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ кочи некој процес не е во ред, затоа што донесувањето на Деловникот се прави консензуално и пред се’ со почитување на Уставот и Деловникот, рече  Мицевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот