Мицевски: Очекувам разумност на денешната седница

 Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска во Собранието изјави дека очекува да има разумност во целиот процес во однос на денешната седница за одложување на пописот.

– Нивно право е дали ќе поднесат амандмани, но јас очекувам да има разумност во целиот процес затоа што и Алијанса и Алтернатива како опозиција и ВМРО-ДПМНЕ повикуваше на одлагање на пописот имајќи ја предвид епидемиолошката состојба во државата и зголемениот број заразени и починати лица. Како и што ќе се случува на седницата ќе видиме на самата седница и доколку се закаже почеток на комисиска работа на седницата ќе видиме со што ќе истапат Алијанса и Алтернатива, рече Мицевски.

Според него Алијанса за Албанците и Алтернатива нема да соберат Бадентерово мнозинство за да го блокираат законот, и посочи дека исходот од седницата ќе се види во текот на денот.

За законот за државјанство, рече дека нивниот став е непроменет, но, посочи оти во наредниот период може ќе се излезе со некое ново законско решение кое ќе биде прифатливо за сите политички субјекти.

– Од информациите кои вчера ги видов од вас медиумите, имаше една средба во Собранието за можност за повлекување на амандманите на ААА поврзани со законот за државјанство. Нашиот став за законот за државјанство беше кажан и имаме одредени амандмани што ќе се случува во наредниот период ќе видиме, може ќе се излезе со некое ново законско решение по основ на законот за државјанство кој ќе биде прифатлив за сите политички субјекти и во согласност со Европската конвенција за државјанства, како и со другите поврзани закони за добивање државјанство во одредена земја. Можеме да употребиме и закони од соседството кои ќе дадат исход, да видиме наредните денови како ќе се одвиваат работите, рече Мицевски.

Во однос на законите од петтиот пакет антикризни мерки, Мицевски апелираше час поскоро да се одблокира.

– Апелирам за час поскоро за одблокирање на петтиот пакет мерки бидејќи сите застанавме зад тоа за да може стопанството и граѓаните да ги добијат тие средства кои со нетрпение ги очекуваат за да функционираат во рамките на своите можности, нагласи Мицевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот