Мицевски на „Жан Моне“: Овој дијалог е добра можност за продолжување на разговорите од следниот парламентарен состав

Третиот дијалог во рамки на процесот „Жан Моне” ќе заврши утре.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски по започнувањето на третата средба во рамки на процесот „Жан Моне” истакна дека овој дијалог не застанува тука и дека ќе претставува добра можност за продолжување на дијалогот помеѓу пратениците од идниот состав.

-ВМРО-ДПМНЕ активно учествува во третото продолжение на процесот „Жан Моне”. На изминатите две продолженија успеавме да ги доближиме ставовите и благодарение на дијалогот што го имавме беше донесен Етичкиот кодекс и се приближија одредени ставови. Се надевам дека со денешниот дијалог ќе успееме да ги приближиме позициите. Она што и европратениците на самото отворање на дијалогот го порачаа е дека овој дијалог не престанува тука и дека ќе претставува добра можност за продолжување на дијалогот помеѓу пратениците на идниот пратенички состав, изјави Мицевски.

Благодарение на пратениците ВМРО-ДПМНЕ, како конструктивна опозиција, рече тој, донесени се реформските закони кои значеа оценка повеќе за состојбите во Република Македонија и дека ние сме единствениот функционален парламент во нашето опкружување.

– ВМРО-ДПМНЕ го поддржува, но при донесување на новиот Деловник ние укажавме дека треба да се почитува и постоечкиот Деловник, затоа што донесени се 503 закони во редовна постапка, а повеќе од 300 закони во скратена постапка, што укажува дека имаме повеќе од 40 отсто закони по скратена постапка, кои деловнички не дозволуваат и немаат можност за поголема дискусија од страна на пратениците. Дали е тоа некој став на власта, која на тој начин пробува да ја избегне дискусијата во Собранието, единственото нешто каде што претставниците на граѓаните можат да ги соочат фактите и да зборуваат, рече Мицевски.

Tретиот дијалог во рамки на процесот „Жан Моне” ќе заврши утре со прес-конференција на тројцата европратеници Илхан Ќучук, постојан известител за земјава во ЕП, Андреас Шидер, претседател на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, како и Марион Валсман, потпретседател на Делегацијата на Мешовитиот парламентарен комитет и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот