Мицевски до Џафери: Немојте да мислите дека некој ви се плаши и ќе дозволи да правите што сакате во оваа зграда

Спикерот Талат Џафери и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, денеска повторно се скараа во Собранието. Мицевски од собраниската говорница побара на дневен ред да бидат ставени интерпелациите за министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николвоски. Тој побара поддршка од мнозинството за, како што рече, да покажат дека транспарентно може да се дебатира за работењето на министрите. Спикерот го одби предлогот на Мицевски со образложение дека точките, по нивно барање веќе се тргнати од 36. седница.

Според Мицевски, интерпелаците се во собраниска процедура.

-Беа ставени на дневен ред, но тој не се изгласа. Интерпелациите не се повлечени, треба да ги ставите на прва наредна седница. Немојте да мислите дека некој ви се плаши и ќе дозволи да правите што сакате во оваа зграда, затоа што вие сте прв меѓу еднаквите. За да функционира овој Законодавен дом вие треба доследно да го почитувате Деловникот. Барам интерпелациите да бидат ставени на дневен ред за гласање, во спротивно ќе сметаме дека ја замолкнувате опозицијата и можноста за презентирање на лошото работење на овие двајца министри пред граѓаните – рече Мицевски.

Џафери му возврати со иста реторика.

– Ако пораката ви е дека не му се плашите никому и немате потреба да се плашите од никого возвратно ви е – немојте да мислите дека јас некому се плашам. Вие можете да поднесете нови иницијативи, тоа е неспорно. А предлогот не го ставам на гласање бидејќи е спротивен на Деловникот, рече Џафери.

На 39. собраниска седница е само интерпелацијта за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поднесена од Алијансата за Албанците и Алтернатива. Од Колицијата за Слободен печат велат дека нема да ја повлечат, иако текстот се однесува на бегството на екс директорот на УБК Сашо Мијалков, кој е веќе во притвор.

-Фактот што некој завршил во затвор не го амнестира службеникот кој во тоа време бил еден од актерите кои требаше да го спречат бегството, велат од Алијансата.

Во интерпелацијата на АА/А меѓу другото пишува:

„Сега сите пратеници имаат можност да се докажат дека се за апсење на Мијалков или го поддржуваат неговото бегство. После ова, Оливер Спасовски повеќе не може да биде или не треба да биде министер за внатрешни работи“. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот