23 C
Скопје

Мицевки за Слободен печат: Во ВМРО-ДПМНЕ нема пратеници со двојно државјанство

Координаторот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНE, Никола Мицевки во изјава за Слободен печат вели дека нивниот предлог-закон кој предвидува пратениците да имаат само македонско државјанство, доколку биде усвоен, ќе стапи во сила  веднаш, односно ќе важи и за овој парламентарен состав. Тој негира дека во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има некој пратеник со двојно државјанство.

– Да пишува во претходни и завршни одредби на предлог-законот дека Законот ќе стапи во сила веднаш, значи ќе се практикува од овој пратенички состав. Законот е препишан од Министерство за надворешни работи и АНБ, и оние ги имат оние стандарди. Вработените таму немат двојно државјанство. Ниту еден пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема двојно државјанство – вели Мицевки, шеф на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочува дека нема информаци дали има други пратеници со двојно државјанство.

-Од она што читам по медиумите двајца пратеници и еден министер имат двојно државјанство. Според моите информаци, во нашите редови нема ниту еден пратеник со двојно државјанство. Бидејќи тоа беше вест кога излезе Каракачанов со наводни обвинувања за двојно државјанство, за мене тоа е навреда, и јас сум еден од тие 13 пратенци кои предлага да се донесе таков законско решење.  Значи една од причините за да се поднесе овој предлог закон беа обвинувањата на Каракачанов, но за ова предлог законско решение се размислуваше на од поодамна. Предлог законот е поднесен во Собранието и чекаме на некои од наредните седници да биде ставен на дневен ред и да се продискутира со колегите пратеници и од другите пратенички групи – истакнува Мицевски.

„Слободен печат“ дознава: Двајца пратеници и еден министер имаат двојни државјанства

Поврзани вести

ВИДЕО: Наместо само кафенце со Вучиќ, нобеловецот Хандке доби орден

Слободен печат

Милевски: Еко центарот Бислим, станува лидер во развојот на алтернативниот туризам

Слободен печат

Спасовски и директорот на БЈБ им одадоа почит на осумтемина загинати полицајци во „Диво Насеље”

Слободен печат

Во земјите на ЕУ ќе се влегува со било која примена вакцина

Слободен печат

Ин мемориам: Почина д-р Лазар Шуманов, претседател на Националниот комитет на ИКОМОС

Слободен печат

Блуши: Секој кандидат добил мандат со изборен криминал не заслужува да седне во Парламентот

МИА Агенција