Мицотакис позитивен на Ковид-19

Фото: Profimedia

Преку видео објавено на Инстаграм, претседателот на Нова демократија до неодамна премиер на Грција Кирјакос Мицотакис соопшти дека е позитивен на Ковид-19 и следните денови ќе ги помине дома, а ја откажа и неговата посета на Света гора планирана за викендов, јави дописничката на МИА од Атина.

-Прегратките и бакнежите во предизборниот период секогаш се многу пријатни, но понекогаш имаат и цена. Денеска се тестирав за Ковид и сум позитивен, вели Мицотакис во видеото.

Објаснува дека посетата на Света Гора ќе остане за некој момент во иднина, но и дека ќе продолжи да објавува видеа на Тик ток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот