Мицотакис од американскиот Конгрес: За демократијата да преживее Западот треба да си го среди сопствениот двор

Киријакос Мицотакис
Киријакос Мицотакис / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска се обрати пред американските конгресмени, што беше првпат во историјата еден грчки лидер да одржи говор во Конгресот на САД.

Во своето обраќање пред заедничка сесија на Конгресот, Мицотакис предупреди дека за демократијата да преживее Западот треба најпрвин да си го среди сопствениот двор.

„Повеќе сум загрижен од внатрешните фрагментации отколку од заканите на арогантни деспоти“, рече грчкиот премиер.

Цитирајќи ги претседателите Реган и Линколн, тој рече дека „демократијата не е повеќе од генерација подалеку од изумирање” и дека работата на демократијата останува „недовршена”.

„Нашите демократии се под закана од сирените на популистите кои нудат лесни решенија на комплицирани проблеми“, рече тој.

Додаде дека нивните гласови се слушнати делумно поради нееднаквата заработувачка и улогата што социјалните медиуми ја имаат во поларизацијата на општеството.

„Општествата треба да се реформираат“, порача тој во својот говор пред американскиот Конгрес.

Сенаторите и членовите на Претставничкиот дом пове ќепати го прекинуваа со овации, додека премиерот ги допираше и темите како руската агресија во Украина и трансатлансткото сојузништво на НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот