Мицотакис најави општи избори во Грција во мај

Кирјакос Мицотакис/ Фото ЕPA-EFE/Al Drago / POOL

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес, три недели по железничката трагедија која предизвика протести против неговата влада, објави дека општи избори ќе бидат одржани во мај, не наведувајќи го точниот датум.

„Можам со сигурност да кажам дека изборите ќе бидат одржани во мај“, кажа Мицотакис, лидер на конзервативната Нова демократија, во разговор за приватната телевизија „Алфа“.

Во директниот судир на возовите на 28 февруари настрадаа 57 луѓе, што поттикна бран немири против владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот