Мицотакис: Можно е решение за повторно обединување на Мермерите на Партенон

Атина, Грција
Атина, Грција / Фото: EPA/SIMELA PANTZARTZI

Може да се најде„вин-вин” решение што ќе резултира со повторно обединување на скулптурите на Партенонот во Грција, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Лондон за време на дискусијата организирана од Лондонската школа за економија.

Тој додаде дека во исто време во евентуалното решение заемно задоволство би се земала предвид и „загриженоста што би можела да ја има британскиот музеј”.

Мицотакис истакна дека за Мермерите на Партенон што се наоѓаат во Британскиот музеј го користи изразот „повторно обединување”, наместо „враќање”, но и посочи дека има напредок, но не сака јавно да говори за разговорите и да открие повеќе детали.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој вчера беше во посета на Лондон, синоќа се сретна со кралот Чарлс Трети, што воедно беше прва нивна средба по преземањето на тронот на престолонаследникот во септември годинава.

Мицотакис и неговата сопруга беа примени во кралската резиденција во Виндзор, а според грчките медиуми средбата поминала во позитивна и срдечна клима.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот