Мицотакис: Грција се најде на вистинската страна на историјата

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис/ Фото EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Европската Унија покажа единство и едногласност со вчерашните донесени одлуки за многу важни санкции, кои многу суштински ќе ја погодат руската економија, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, додавајќи дека Грција како и во изминатите 201 година од независноста, така и сега се најде на вистинската страна на историјата.

Мицотакис ја информираше Сакеларопулу за последните случувања во Украина и резултатите од вчерашниот Самит на ЕУ, а истото, ќе го стори во вторник, односно на вонредна седница ќе го информира Парламентот.

На средбата Мицотакис рече дека „се наоѓаме на почеток на нова ера што ќе има економски последици”.

-Во моментов треба да бидеме подготвени за големи потреси на енергетскиот пазар, па затоа, драго ми е што беше прифатен мојот предлог, Комисијата итно да разработи и да поднесе предлози за тоа како на европско ниво можеме да ги поддржиме потрошувачите и бизнисите. Очекуваме за овие предлози да разговараме на следниот Европски совет, рече Мицотакис.

Додаде дека како европски отворени, либерални, плуралистички, демократски земји потребна е внимателност во однос на дезинформациите и сајбер нападите.

Грчката претседателка истакна дека нејзините мисли се со украинскиот народ, истакнувајќи дека никој никогаш не очекува да стане бегалец.

-Украинскиот народ, кој страда во моментов, навистина треба да има можност да остане онаму каде што е и да може да се убеди Русија да ја повлече нејзината војска за да може да заврши оваа криза, рече Сакеларопулу

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот