Мицотакис: Грција го поддржува членството на Шведска и Финска во НАТО

Кирјакос Мицотакис/ Фото: EPA-EFE/COSTAS BALTAS/POOL

Грција го поддржува членството на Шведска и Финска во НАТО и сега не е најдобро време ова прашање да се употребува за пазарење, изјави денеска за Ем-ес-ен-би-си, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а во однос на најавената блокада од страна на Турција.

– За (блокадата) треба да го прашате турскиот претседател… Очекувам ова прашање да се разреши изјави тој.

Мицотакис додаде дека Грција ги поддржува членствата на Шведска и Финска во НАТО.

– Тоа е нивно суверено право. И на крајот не очекувам да има сериозни забелешки, изјави тој.

За да ја осигураат својата безбедност, откако Русија изврши инвазија во Украина, Стокхолм и Хелсинки најавија дека ќе поднесат формално барање за членство во воената алијанса.

Грчкиот премиер е во дводневна официјална посета на Вашингтон и подоцна вечерва во Белата куќа треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден.

На полноќ, претседателот на САД организира прием во чест на грчкиот претседател, а за одбележување на 200 годишнината од почетокот на војната за независнот на Грција.

Според Мицотакис, 200 годишнината требаше да се одбележи лани во мај, но поради Ковид-19 настаните беа одложени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот