Мицотакис: Договорите се однесуваат на државите, а не на владите

Зоран Заев Киријакос Мицотакис
Фото: Влада на Република Северна Македонија

Договорите се однесуваат на држави, а не на влади, потенцираше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Мега”, во однос на последните случувања кај нас и Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис уште еднаш го повтори неговиот став дека од моментот кога Договорот е ратификуван, тие ќе го спроведуваат.

– И покрај слабостите што ги посочив во Договорот, никогаш никого не измамив и од почетокот кажав дека од моментот кога овој Договор ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент, должен сум да го спроведам и многу внимателно да го следам неговото спроведување, рече Мицотакис.

Додаде дека „токму со следењето на овој процес е поврзано” прашањето за тоа кога во Парламентот ќе бидат донесени за ратификација трите меморандуми со нашата земја.

На коментарот на новинарката дека „досега немаше проблеми во Северна Македонија” и сепак не беа ставени на дневен ред, Мицотакис кусо одговори дека тоа, ќе го оценат тие во соодветно време.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот