Мицкоски: Во принцип прифаќаме една изборна единица, треба да се отвори дебата

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ (2)
Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ / Фото: Слободен печат - Ристо Пејовски

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека партијата го прифаќа принципот на една изборна единица и оти во текот на дебатата ќе си го кажат ставот. Тој оценува дека коалициските партнери СДСМ и ДУИ го кочат решението за една изборна единица, а помалите партии кои се дел од оваа коалиција и понатаму молчат.

-Треба да се отвори дебата, сигурно ќе дебатираме, ќе си ги кажеме нашите ставови, но принципот на една изборна единица го прифаќаме. Јасно и гласно кажуваме дека принципот на една изборна единица го прифаќаме, рече Мицкоски во гостување на ТВ 21.

Тој вели дека не знае кои се причините на ДУИ, односно СДСМ, да го блокираат овој закон за една изборна единица, затоа што според него, тежинскиот фактор низ изборни единици треба да биде подеднаков. Тоа може да се обезбеди само преку измени во Изборниот законик, а тоа е една изборна единица.

„Ние сме тука, ние велиме ќе го поддржиме тоа и сакаме да видиме кои се аргументите на тие кои што се спротивставуваат на една изборна единица“, вели Мицкоски.

Според него, помалите партии во власта кои ги покренаа измените на Изборниот законик за воведување една изборна единица, треба да се држат до зборот за излегување од владејачката коалиција или да излезат и да кажат „мила ни е власта, имаме 61 плус во Парламентот што дигаат раце и тоа ќе си трае додека трае”.

-Или држите до збор и излегувате, на 30 април велите „истече рокот господа, вие не ги прифативте измените, имаме непринципиелна коалиција, ние ја напуштаме оваа коалиција и одиме во опозиција”. Тоа не значи дека ќе дојдат со нас, може трета опција да бидат…Треба да се отвори дебата, дали ќе го прифатиме условно, безусловно. Демократско општество е ќе ги кажеме нашите ставови, но јасно и гласно кажуваме, принципот на една изборна единица ние го прифаќаме, вели Мицкоски.

Како што оцени тој, ДУИ се предолго на власт со преголем комфор, а Алтернатива „ќе заврши без успех“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот