Мицкоски: Во јули Царинската управа со рекорд од 12 милијарди денари приход, додека УЈП со 13.4 милијарди денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека за месец јули Царинската управа забележала рекорд и најдобар резултат од нејзиното постоење со наплатени речиси 12 милијарди денари приход, додека УЈП наплатила 13.4 милијарди денари.

– Ја стабилизираме државата за да почнеме да ја развиваме како што граѓаните тоа го заслужуваат. Има разлика. Кога ќе се затворат сите дупки каде што претходно се крадел народот со години, кога институциите ќе функционираат и кога криминалот ќе стане неисплатлив тогаш приходите во буџетот ќе пораснат. Директорот Бобан Николовски ме извести дека месец јули, Царинската управа бележи рекорд и најдобар резултат од нејзиното постоење со наплатени речиси 12 милијарди денари приходи. За истиот месец, Управата за јавни приходи со која раководи Елена Петрова наплати 13.4 милијарди денари што исто така е своевиден рекорд. Овие пари значат повеќе инвестиции за градинки, училишта, пристојно здравство, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Како што наведува премиерот, лесно може да се извлече заклучокот дека овие пари завршувале во нечии приватни џебови изминатите години.

-За брзо ќе дојде време да се даде одговор и на ова прашање. Со домаќинско и одговорно работење за повисок стандард и подобар живот, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот