Мицкоски: Веднаш ќе прифатиме уставни измени по терк на преамбулата на хрватскиот устав

Фото МИА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање како ги коментирате тезите на СДСМ и ДУИ дека уставните измени би можеле да се направат по примерот на Хрватска каде во Уставот има широко набројување на етничките заедници рече дека ако тоа е формулата за успех таква уставна измена ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе прифат.

– Не знам дали се сигурни дека сакаат да биде според преамбулата во хрватскиот Устав. Јас сум подготвен, ако е тоа формулата за успех, уште утре да ја отпочнеме процедурата, да биде Македонија држава на еден народ и на малцинствата во неа, еве ако сакаат уште утре да ја отвориме Преамбулата на македонскиот Устав и да го направиме тоа според хрватскиот терк. Само да не се каат после тоа, да не речат некои други етнички заедници, не било баш така како што они кажуваат. Инаку ако сакаат еве според преамбулата во хрватскиот Устав веднаш, не знам дали ја прочитале, не знам дали виделе или така на памет само си кажуваат, но еве ние како ВМРО-ДПМНЕ веднаш прифаќаме, таква уставна измена прифаќаме – рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот