Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Мицкоски: Со овие избори буквално заврши реформата во ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во гостување на телевизијата „Шења“ изјави дека процесот на реформи во партијата завршува со овие локални избори.
„Со овие локални избори буквално заврши реформата во ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски во емисијата „Дебати“.
Тој вели дека се извршени кадровски промени речиси на сите нивоа во партијата, споменувајќи ги големиот број нови пратеници во Собранието, луѓето кои ги сочинуваат советничките листи на локалните избори, како и промените извршени во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ ширум земјата.
Мицкоски направи споредба со владејачкиот СДСМ, истакнувајќи дека таму „сѐ уште има ликови кои се поврзуваат со транзицијата и минатото“.
Во однос на тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ја доживеало својата катарза по владеењето на Груевски, Мицкоски истакна дека неговата партија ја има моќта за внатрешна катарза и промени, наведувајќи дека тие како партија двапати оделе со непартиски кандидати: на претседателските избори со професорката Гордана Силјановска и за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5