Мицкоски со честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски / Фото: Facebook/Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на сите верници од православна вероисповед им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица.

– На сите верници од православна вероисповед од срце им го честитам големиот празник Успение на Пресвета Богородица. Посакувам здравје, победа на надежта, обединување наспроти поделбите и заеднички успех за сите нас и за Македонија, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Видео на денот