Мицкоски, Села и Гаши ја официјализираа предизборната коалиција

Мицкоски, Села и Гаши/Фото: Twitter

Македонскиот и албанскиот опозициски блок предводен од опозициските лидери Христијан Мицкоски, Зиjадин Села и Африм Гаши веќе подолг период го најавуваше предизборното коалицирање на претстојните локални избори.

Денес во Собранието на Република Северна Македонија тројцата лидери го официјализираа предизборното коалицирање. Тие меѓусебно ќе ги поддржат кандидатите за градоначалницци во некои општини низ земјава.

„Соработката подразбира дека споменатите партии нема да кандидираат градоначалници во одредени општини и ќе се поддржуваат меѓусебно, а во други општини ќе се натпреваруваат со сите други партии. Станува неминовна опозициската соработка, со цел единиците на локалната самоуправа да бидат ослободени од корупциското владеење, од нетранспарентното трошење на пари и од злоупотреба на власта на СДСМ и ДУИ на сите нивоа на државната управа”, стои во заедничкото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, АА-А.

Ова е прва предизборна соработка на ВМРО-ДПМНЕ со албанските партии.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во објава на Твитер нагласува дека новата коалиција ќе придонесе против корупцијата и за силен развој на општините.

СДСМ најави дека ќе ги поддржи кандидатите на владините коалициски партнери некаде во првиот, а некаде во вториот круг, додека пак ДУИ рече дека соработката со СДСМ ќе се реализира само во вториот круг.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот