Мицкоски прогласи победа на изборите

Христијан Мицкоски, локални избори 2021/ Фото Facebook Hristijan Mickoski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прогласи победа на локалните избори на својот Фејсбук профил.

„Народот е определен. Надежта e родена. За секој човек во Македонија. Заеднички за новата иднина. Победа и голема одговорност! Ви благодарам народе на Македонија!“ напиша тој.

Потпаролот на партијата, Наум Стоилковски, пред новинарите присутни во штабот, брифираше дека според неофицијални податоци на партијата, ВМРО-ДПМНЕ победила во Петровец, Јегуновце, Могила и Градско во прв круг. 

„Имаме убедливо водство во Охрид, Прилеп, Битола, Кавадарци, Велес, Гази баба, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров… Имаме одлични резултати во Карпош и Центар. Добро стои и Данела.  Водиме во Сопиште и Винициа, а во Радовиш за малку ќе победевме во прв круг. Голема благодарност до сите што гласаа, рече тој.

Претходно, на прес конференцијата на партијата, пратеникот Миле Лефков соопшти дека биле регистрирани многу нерегуларности, но и покрај тоа неговата партија очекува победа во многу општини.

Граѓаните ја сфатија потребата за промена. Убедени сме дека во вториот круг ќе има поголема излезност и граѓаните ќе дадат дадат поддршка за промените. На власт во државата имаме гарнитура потопена во корупција. Во текот на вчерашниот ден забележавме кршење на изборниот молк, злоупотреба на државни ресурси како и обид за поткуп во Велес, Неготино, Битола, Охрид, Прилеп и некои делови од Скопје. Имаме сомневања за обид за бугарски воз и за тоа е одговорна власта. Ќе почекаме официјални резултати, но верувам дека во многу општини ќе победиме. И покрај нерегуларностите, чувствуваме убава енергија од граѓаните, рече Лефков.

ВИДЕО | Лефков: Регистрирани многу нерегуларности, но очекуваме победа во многу општини

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот