Мицкоски: Од утре продолжуваат консултациите за референдумот со коалициските партнери

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Од утре продолжуваат консултациите за референдумот со коалициските партнери, да видиме кој е нивниот став. Многу скоро ќе излеземе со конкретна позиција, рече денеска претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Внатрепартиската дебата ќе продолжи утре, во вторник, среда, така што многу скоро од денеска ќе имаме позиција. Нема што повеќе да додадам освен да го завршиме процесот и да излеземе со конечен став пред граѓаните, дали ќе одиме со 150.000 потписи или со пратениците, имајќи предвид дека континуирано се сее притисок од власта дека некој се двоумел, а не сакаме да ги изложуваме толку граѓаните пред оваа хибридна и режимска власт, па може ќе се одлучиме да одиме со 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да го поднесеат референдумот – изјави Мицкоски во Љубанци по пуштањето во употреба на ново спортско игралиште.

ВМРО-ДПМНЕ сака со референдум да го поништи европскиот предлог со кој Македонија ги отвори преговорите за членство со ЕУ, затоа што го смета за штетен за националните интереси бидејќи е во корист на Бугарија и со него се врши бугаризација на напата земја. Не се познати детаљи за референдумското прашање, што конкретно од европскиот пакет-документи ќе биде оспорено и дали тоа ќе се однесува само на преговарачката рамка. Познато е само дека на референдумот нема да се оспорува условот за внес на Бугарите во Уставот, затоа што ВМРО-ДПМНЕ вели дека нивните пратеници се гаранција дека власта нема да го има потребното двотретинско мнозинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот