Мицкоски: Нема мерки за алкохол и цигари, можна е интервенција кај транспортот
Будно ја следиме состојбата и се разбира дека разгледуваме мерки што ќе бидат во корист на граѓаните, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање: Дали ќе бидат донесени нови економски таргет мерки, имајќи ја предвид стапката на инфлација. Мицкоски појасни дека просечната инфлација е под 4,5 во првите четири месеци и како што рече „е една од најниските, ако не и најниска во регионот“.
Препорачано
- Од нашата анализа, конкретно за мајската инфлација, главниот драјвер на тоа зошто е таа 4,7% на годишно ниво за мај, се два сектори, односно два типа на производи. Тоа се транспортните услуги кои се двоцифрени, над 10%, и блиску до двоцифрени се алкохолот, цигарите и тутунските производи. Тука јас навистина не би сакал мерки да применувам. Напротив, можеби уште поригорозни мерки треба, затоа што целта наша е да се заштити здравјето на граѓаните. Така што, во делот на алкохолните пијалаци, тутунот и цигарите, односно тутунските производи и цигарите, нема потреба од никакви мерки и еве однапред кажуваме дека тука нема да има мерки – рече Мицкоски.
Што се однесува во делот на транспортот, премиерот Мицкоски посочи дека Владата веќе разговара со транспортерите.
– Најголемиот дел е авионскиот превоз поради скапиот керозин, којшто е двојно повисок. Така што, тука може да интервенираме повторно во делот на даноците – рече Мицкоски.
Премиерот вели дека прво ќе видат што ќе се случува овој месец, а потоа ќе носат економски таргет-мерки за намалување на инфлацијата.
Трошоците на живот пораснале за 4,8 проценти за една година, пресмета државната статистика


