
Мицкоски контра Вреди: Нема ни да почнат разговори за нова химна и за албански јазик
Ќе нема разговори за нова химна и за промена на формулацијата „20 отсто“ во албански јазик, ако се отвора Уставот тоа ќе биде само за нов државен грб и за тоа ќе се потрудиме да обезбедиме консензус, вели за „Слободен печат“ висок владин функционер по најавите на владиниот партнер Вреди за пакет уставни измени со кои би се решиле повеќе отворени етнички прашања. Со ова премиерот Христијан Мицкоски им праќа јасна порака на владините партнери Арбен Таравари, Билал Касами и Изет Меџити дека никаков „етнички пакет“ нема да биде на маса освен државниот грб.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Не, нема ни да почнеме разговори за нова химна, за „20 проценти“, за македонско национално знаме. Единствено почнати се разговори за промена на државниот грб. За промена на грбот освен партиите ќе бидат консултирани и експерти и интенцијата е за новиот државен симбол да обезбедиме консензус – вели високиот владин функционер, но не открива како ќе го убедат СДСМ да поддржи ново решение за грбот.

Засега не откриваат ни дали во игра е последниот предлог од времето на експремиерот Никола Груевски државниот грб да биде составен од златен штит со приказ на разгневен црвен лав, а над штитот да има круна, идеја инспирирана од симболи од 15 и 16 век. ЛДП пак, предложи рисот да биде консензуално решение, како разумна карактеристика која има поврзаност со земјава.
По потврдата на премиерот дека со Вреди разговараат за нов државен грб, лидерите на албанскиот владин партнер ги зголемија апетитите и предложија во пакет со грбот, да се смени и химната, но и формулацијата „20 отсто“.
Можна промена: Новиот државен грб ќе натовари и нови химна и знаме?
Подготвени сме да разговараме за се, за пакет мерки со кои ќе ги решиме сите заостанати прашања од минатото – рече Таравари, одговарајќи на новинарско прашање во врска со промената на државниот грб.
Според Таравари, Македонија е една од ретките постсоцијалистички држави чиј грб не е сменет.
-Вреди е подготвена да разговара за се. За жал, во минатиот период повеќе, така да речам, чувствителни теми се ставаа под тепих и некако се сокриваа, не сакавме да се соочиме. Ние сме подготвени да разговараме за пакет мерки кои се нерешени во изминатите 20 – 30 години и во пакет да ги решиме, зошто тука да не бидат и грбот и химната и „20 отсто“ и други етнички прашања, ако има и веќе да се фокусираме на економијата, евроинтеграцијата, антикорупцијата,… Тоа ги интересира граѓаните, подобри плати, подобар живот – рече Таравари.

На прашањето што треба да стои на грбот, Таравари одговори дека во Вреди се уште не ја отвориле оваа тема.
-Подготвени сме и мислам дека би било убаво да ги отвориме сите теми и да најдеме решение, а не да ги оставиме и да видиме дали понатаму ќе ги решиме – повтори Таравари.
За промена на грбот, но и на химната и на „20 отсто“ претходно се изјаснија и Касами и Меџити.
Опозициската ДУИ отиде чекор понатаму и побара одвојување на државното од националното знаме на Македонците, односно предложи Македонците да донесат национално знаме кое ќе се разликува од државното.
Против промена на грбот се опозициските СДСМ и Левица. По изјавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче дека ќе се спротивстават на промена на грбот и од Левица велат дека со сите расположливи демократски и институционални механизми силно ќе се спротивстават на обидот за промена на грбот и на другите државни симболи.
-Кога работите се нарекуваат со вистинско име тогаш и јасно станува дека оваа погубна авантура во која се впушта власта произлегува од нео-фашизмот на Вреди и анти-комунистичката хистерија на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.Договорот помеѓу малкумина не смее да ги менува државните симболи кои се колективни обележја на народот. Историскиот ревизионизам и систематско уништување на асномските темели на државата се дел од ретрограден проект за разградување на прогресивните начела на македонската државност. Сега, за разлика од порано кога ја бришеа петокраката од грбот, во македонското Собрание присутна е Левица. Бришењето на АСНОМ и НОБ мора да застане – велат од Левица.
Мицкоски ќе го менува државниот грб, Таравари и Касами јазикот