Мицкоски кажа „не“ за предлог кој е ултиматум за иднината на Македонија и повика на протести

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ / Фото: ЕПА
Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Предлог кој е ултиматум за иднината на Македонија, диктат за мегаломански барања, за таков предлог одговорот е не благодарам, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако Владата го објави францускиот предлог и повика граѓаните утре да излезат на масовен протест пред Владата.

– Предог е истиот кој веќе еднаш бепше одбиен. Предлогот ги содржи сите бугарски барања. Прифаќањето на ваквиот предлог значи прифаќање на барањата на Бугарија да ги менуваме нашите учебници, прифаќање дека Гоце Делчев, Јане Сандански биле Бугари, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик. Ако Ковачевски и Маричиќ речат поинаку ви велам дека лажат- изјави Мицкоски и додаде дека тој и ВМРО-ДПМНЕ во таков процес нем да бидат соучесници.

Тој ги покажа двата документа, односно драфт верзијата и доставениот француски предлог и констатира дека се идентични со две семантички промени.

Тој објасни каде е суштината и каде е направена промената. Во првиот документ на страна пет, точка три стои дека во преговарачката рамка и двете страни ќе дадат изјави како го подразбираат македонскиот јазик. Од Бугарија ќе има едностарана изјава дека не го признаваат македонскиот јазик . Втората семантичка измена е на страна 10 каде се цитира договотот за добрососедство каде членот 12 од договорот ќе биде одлучувачки дали ние ќе напредуваме. Тој ги регулира владините конференции помеѓу Македонија и Бугарија. Протоколот билатерален е заменет со годишни мерки. Ако не сте презеле мерки значи ќе бидете подложни на вето. Според Мицкоски, тоа е разликата за која Османи и Маричиќ се препелкаат. Вториот документ кој е втора меѓувалдина конференција на страна 7 точка 11 каде стои дека Македонија нема да го отвори првиот кластер „Фундаменти“ се додека не се измени Уставот. На страница 8 е избришан делот каде стоеше за јазикот но јасно стои дека Македонија не може да го почне процесот на преговори се додека не биде потпишан протоколот од заедничката меѓувладина комисија. Тоа е протоколот кои ги содржи историјата, кутурата, се што треба да измениме во учебниците.

– Се што слушате од Ковачевски не е визија, туку срам за идните генерации оти Ковачевски и Маричиќ се дрзнале да го погазат македонскиот идентитет. Тоа Ковачевски не убедуваше во друштво на Османи дека е визија. Не е визија, тоа е срам и предавство. ВМРО-ДПМНЕ тоа не го прифаќа и ќе се бори. Ваков ултиматум не прифаќаме, сега е моментот кога треба да се заземе вистинската страна, страната на Македонија. Треба да сме гласни, повикувам на сенароден протест утре пред Влада во 19 часот. Го повикувгам целиот народ од Македонија и надвор од него да го одбраниме и спасиме македонскиот идентитет и процесот на преговори – рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот